詳 細

  • 芥川龍之介 羅生門 (マケドニア語訳)

    Рашомон./ превод од англ. Д. Величковски.

    Агутагава Рјиносуке
    Скопје, ПНВ Публикации 0 c. pap.

    2024 年   ISBN  9786082651613   R274094

    Рјуносуке Акутагава творел во почетокот на дваесеттиот век. Тој живеел кратко, но успеал да направи целосен пресврт во тогашната јапонска книжевност. Бил модернист со префинет израз, главно инспириран од човековата природа. Според првиот расказ од овој избор „Во коријата“, во кој се раскажува грозничавата приказна за убиството на еден самурај, и тоа преку видувањата на сведоците, вклучувајќи го и духот на убиениот, култниот јапонски режисер Акира Куросава го сними филмот „Рашомон“ ‒ една надреалистичка криминалистичка драма што нуди неколку верзии на ист настан од различни перспективи. Басноликиот расказ „Каша од јам“ говори за чувствата што се поврзуваат со имањето желби и со нивното исполнување, дури и по цена на понижување, па кај читателот предизвикува нејасни емоции кон главниот лик, но и преиспитување на сопствените желби и вредности. Во „Маченикот“, драгиот сирак одгледан од језуитските свештеници е прогонет кога одбива да признае дека забременил една локална девојка и успева да си ја поврати нивната љубов и почит само по цена на неговиот живот. Сите шест приказни во збирката го прикажуваат Акутагава како мајстор во раскажувањето и како исклучително возбудлив глас на модерната јапонска книжевност.

    価格(税込み)    \3,850
    数量
    在庫を超える数量の場合は、ご相談とさせていただきます。